Бараж за СП 2021

Македонија нема да биде носител во баражот за Светското првенство

Македонската ракометна репрезентација е во групата на неносители во баражот за пласман на Светското првенство во Египет 2021 година. 

Според резултатите од последното Европско првенство, ЕХФ ги распореди репрезентациите на носители и неносители за баражот за пласман на СП 2021.
 
Македонија е најдобро рангирана меѓу неносителите, но тоа не ни носи никаква привилегија.
 
Нашата репрезентација ќе има тежок противник за пласман на Светското првенство, со доза на среќа можеме да добиеме некој послаб, но сите се квалитетни репрезентации.
 
Ждрепката ќе се одржи на 9 март во 19 часот во Виена. Баражите се играат на 5 и 11 јуни. 
 
Носители: Словенија, Германија, Португалија, Шведска, Австрија, Унгарија, Белорусија, Исланд, Чешка, Франција
 
Неносители: Македонија, Швајцарија, Холандија, Црна Гора, Украина, Србија, Турција/Русија, Романија/БиХ, Полска/Литванија, Израел/Летонија.
 

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе