СП Скопје 2019 У19

Македонија лошо тргна на Светското првенство, пораз од Аргентина

Македонската ракометна репрезентација до 19 години со пораз од Аргентина од 23:20 го стартуваше Светското првенство кое се игра во Скопје.

Нашите ракометни надежи како фаворити влегоа во дуелот со Аргентина, играа и на домашен терен пред своја публика, имаа и пет гола предност, но на крајот го загубија мечот.
 
Првото полувреме не наговестуваше таков конечен резултат. По израмнетиот почеток Македонија се одлепи и на полувремето заминавме со предност од 13:9.
 
Вториот дел добро го почнавме, имавме водство и од пет голови разлика но како натпреварот се ближеше до крајот Македонија паѓаше. Кога се кршеше резултатот работите се одвиваа во полза на Аргентинците. Во вториот дел постигнавме само седум голови, а противникот двојно повеќе. На крајот Аргентина заслужено победи со 23:20.
 
 
Најефикасен во нашиот состав беше Ненад Костески со шест голови, Мартин Серафимов постигна четири.
 
Следниот натпревар на Македонија е во четврток против селекцијата на Нигерија.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе