СП Скопје 2019 У19

Македонија ја совлада жилавата Нигерија за прва победа на Светското првенство

Македонската ракометна репрезентација до 19 години ја забележа првата победа на Светското првенство кое се одржува во Скопје, вечерва со 37-34 беше совлада Нигерија.

„Црвено-жолтите“ се намачија со Нигерија но на крајот триумфираа со три гола разлика и забележаа победа за подигнување на самодовербата по поразот од Аргентина во вторникот.

Нашите ракометни надежи одлично го отворија мечот, брзо стигнаа до позитива од четири гола (7-3) и ја одржуваа лесно до 20. минута. Потоа следеа неколку погодоци на противникот во серија за израмнување на 13-13. Последните пет минути од првиот дел и припаднаа на Македонија, па на полувреме заминавме со предност од 18-16.

Нигерија подобро го отвори вториот дел и одново изедначи, но Македонија брзо ја врати предноста на своја страна. Потоа се играше гол за гол, и отпорот на противникот беше скршен дури во последните десетина минути од мечот. Со неколку интервенции на голманот и релизирани напади во серија си обезбедивме мирна завршница и победа од 37-34.

Ненад Костески со 13 погодоци беше прв стрелец, а солиден беше и Мартин Серафимов со 10 постигнати гола.

Во наредното коло на СП кое се игра утре, нашиот национален тим игра против Бахреин, мечот започнува во 20:30 часот.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе