Квалификации за ЕП 2022

Македонија ја победи Финска и го завери пласманот на Европското првенство

Македонската ракометна репрезентација со 27-22 победи на гостувањето кај Финска и се пласираше на ново Европско првенство. 

Со одлична игра во второто полувреме Македонија дојде до очекуван триумф во Финска и го завери пласманот на Европското првенство.
 
Во првото полувреме не одигравме на нашето ниво, Финска водеше и со три разлика, а на одморот домаќините заминаа со предност од 14-12. Нивниот голман Росландер правеше чудо, натпреварот го заврши со неверојатни 20 одбрани.
 
И во првите минути од вториот дел Финците ја одржуваат предноста од два разлика, но како се ближеше крајот така Македонија ја креваше играта, успеавме да го свртиме мечот, а на крајот да славиме и со убедливи пет гола разлика, 27-22.
 
Лазаров и Кузмановски беа најефикасни со по пет голови,  Митревски имаше осум одбрани, Томовски седум.
 
Со оваа победа на коло до крајот Македонија го завери пласманот на Европското првенство.
 
Во недела од 18 часот го играме последиот натпревар во квалификациите, ја пречекуваме селекцијата на Швајцарија.
 

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе