Подготовки за ЕП 2020

Македонија ја победи Црна Гора во последниот пријателски меч пред ЕП

Македонија со вкус на победа ќе замине на Европското првенство откако денеска со 25:24 ја совладавме селекцијата на Црна Гора. 

Денешниот меч меѓу Македонија и Црна Гора кој се играше зад затворени врати, имаше неизвесен тек во сите 60 минути. Данило Брестовац и на овој меч настапи без капитенот Кире Лазаров.
 
Во првото полувреме и двете репрезентации се менуваа во водство, на одморот Црна Гора замина со еден гол предност 13:12. 
 
Вториот дел беше налик на првиот, ние успеавме да го свртиме резултатот во наша полза, на пет минути до крајот да поведеме со 23:22 и таа предност да ја сочуваме до финишот за триумф од 25:24.
 
Митревски беше одличен со 14 одбрани, најдобри стрелци беа Манасков и Талески, Маџовски и Пешевски постигнаа по три, Кузмановски, Поповски и Стоилов по два погодоци.
 
Ова беше последниот подготвителен натпревар пред заминувањето за Виена каде Македонија ќе ја игра својата група од Европското првенство. Отвараме со Украина, во нашата група се уште и Чешка и домаќинот Австрија.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе