ЕП 2020

Македонија има позитивна статистика против Австрија, и пред шест години со нив игравме клучен меч (ВИДЕО)

Македонската ракометна репрезентација денеска со почеток од 18:15 часот против Австрија го игра клучниот меч за продолжување на настапот на Европското првенство. 

Австрија во првите два меча на Европското првенство забележа две победи и покажа сила. Особено импресивно одигра на мечот против Чешка.
 
Македонија тесно ја победи Украина и загуби од Чешка, па денешниот меч против домаќините ќе биде клучен за продолжување во следната фаза на шампионатот.
 
Во прилог на нашата репрезентација оди статистиката од меѓусебните дуели со Австрија.
 
Со нив досега сме се сретнале четири пати, имаме три победи и еден пораз. Имаме дадено 111 голови во овие мечеви, а примено 103.
 
Македонија - Австрија 26:21 (2012, плеј-оф за СП)
Австрија - Македонија 30:27 (2012, плеј-оф за СП)
Македонија - Австрија 22:21 (ЕП 2014)
Македонија - Австрија 36:31 (СП 2015)
 
Од тие четири дуели еден го игравме на Европско првенство, и тој беше клучен за плсман понатаму како што е и денешниот.
 
Македонија победи со 22:21, херој на мечот тогаш беше Борко Ристовски кој средбата ја заврши со 19 одбрани од кои најзначајна беше таа во последните мигови од мечот која се покажа како клучна за победата.
 
 
Денеска победа од еден разлика може да не ни биде доволна, за да не зависиме од мечот меѓу Чешка и Украина, треба да ја победиме Австрија со два или повеќе голови разлика.

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе