СП 2021

Македонија го покажа своето поубаво лице, го победи Чиле и се пласира во втор круг на СП!

Македонската репрезентација конечно одигра прав натпревар, избраниците на Данило Брестовац се покажаа во подобро издание го победиија Чиле со 32:29 и се пласираа во следниот круг на Светското првенство. 

Македонија одигра како што беше потребно, квалитетната игра во одбраната во второто полувреме беше клучна за денешната победа над Чиле.
 
За разлика од првите два меча, нашата репрезентација одигра многу подобро, многу поангажирано, со многу повеќе комбинации во нападот и поголема дрскост во одбраната и резултатот против противник каков што е Чиле беше неминовен.
 
Во првото полувреме проблем ни беше одбраната, примивме дури 17 погодоци. Нападот беше одличен, а особен расположен беше Костески кој постигна пет погодоци во првите 30 минути.
 
Во вториот дел одбраната беше засилена со Талески, кој полека се специјализира за игра во дефанзивата, ја зголемивме цврстината, ги намаливме опциите на Чиле, а во нападот продолживме да играме на исто ниво и на крајот се радувавме на триумф од 32:29.
 
Лазаров со осум гола беше најефикасен, Костески и и Пешевски постигнаа по пет гола, Кузмановски реализираше четири пати. Фантастичен на голот беше Митревски со 14 одбрани, Томовски фати два пенали. Во составот на Чиле, Салинас даде девет гола, Себаљос седум.
 
Во вториот круг Македонија вкрстува со екипите од групата Х, Русија, Белорусија и Словенија.
 

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе