ЕП 2022

Македонија го почнува настапот на Европското првенство

Денеска со мечот против Словенија во Дебрецин, македонската машка ракометна репрезентација ќе го почне настапот на седмото нејзино Европско првенство, шестто по ред. 

Македонските ракометари предводени од селекторот и капитен Кире Лазаров денеска почнуваат нова борба на голем турнир. Со почеток од 18 часот играме против Словенија во првото коло од Европското првенство.
 
Покрај Македонија и Словенија, во нашата група се уште и селекциите на Данска и Црна Гора. Само првите две селекции одат во следната фаза на шампионатот.
 
Денешниот меч против Словенија би требало да биде клучен за шансите на Македонија на ова Европско првенство. Словенците се фаворити, но момците на Лазаров се подготвени да го дадат максиумот и да се обидат да направат изненадување.
 
„Мислам дека на сите ни е јасна целата ситуација и со оглед на тоа ние имаме желба да одиме во втор круг и тоа би било еден огромен успех. Не затоа што не заслужуваме да бидеме таму, но затоа што добивме група со противници како Словенија и Данска, па и Црна Гора. Нашата желба е да се пласираме во вториот круг и ќе сториме се за да се случи тоа. Меѓутоа треба да бидеме и реални, рековме дека сме во еден транзиционен период, формираме една нова генерација, која треба да ја замени старата“, вели селекторот Кире Лазаров.
 
„Не сакам да ги оптоварувам играчите со некои притисоци, знам дека ние сме подгтотвени и утре на терен ќе покажеме. Наше е ние да одиграме најдобро што можеме, можеби и нашето најдобро издание нема да биде доволно за да се победи една репрезентација како Словенија, но важно ми е ние да се покажеме добро“.
 
Добра вест за Македонија е што сите наши ракометари кои отпатуваа во Дебрецин се негативни на ковид-19 на последното тестирање направено таму во пресрет на почетокот на првенството.
 
Распоред на натпреварите на Македонија на ЕП:
 
13.01 18:00 Македонија - Словенија
15.01 18:00 Македонија - Црна Гора
17.01 20:30 Македонија - Данска
 

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе