ЕП 2020

Македонија го почнува настапот на ЕП, Украина е селекција која мора да се победи

Македонската ракометна репрезентација денеска со почеток од 20:30 часот го започнува настапот на Европското првенство, прв противник ни е Украина. 

Веќе сме навикнати, кога ќе дојде јануари македонските ракометари настапуваат на големо натпреварување, овој месец е резервиран за нив. Овој пат нашата репрезентација учествува на Европското првенство кое се одржува во Австрија, Норвешка и Шведска.
 
Македонија е во групата Б заедно со селекциите на Украина, Чешка и домаќинот Австрија, натпреварите ги играме во Виена.
 
Првите две селекции од групата продолжуваат понатаму, Украина важи за аутсајдер, прогнозите се дека Македонија со Австрија и Чешка ќе води голема битка за пласман во следната фаза.
 
Македонија има добар распоред, почнуваме вечерва против Украина, меч во кој сме голем фаворит, доколку почнеме очекувано со победа тоа ќе ни ја зголеми самодовербата пред мечевите со Чешка и Австрија.
 
Украина е селекција со која немаме многу меѓусебни дуели. Последен пат игравме квалификациски мечеви за ЕП 2018. Во Скопје ги победивме со 27:21, на нејзин терен одигравме нерешено 27:27.
 
Карактеристично и за двата натпревари е дека оваа селекција му легна на Кире Лазаров, нашиот капитен на првиот меч постигна дури 12 погодоци, на реваншот даде осум.
 
Со Украина имаме и два натпревари во далечната 1997 година. На првиот меч имаше само 26 погодоци, дуелот заврши 13:13. Во возвратниот дуел Украинците беа подобри со 25:19.
 
Атмосферата во нашиот табот е одлична, репрезентативците се подготвуваат во добро расположение и со оптимизам ќе влезат во првенството. Проблем за селекторот Брестовац е неиграњето на специјалистот за одбрана Велко Маркоски кој заработи повреда на окото во подготовките.
 
Се очекува Македонија да има и значајна поддршка од трибините, нашите навивачи во значителен број да ја исполнат „Винер Штадхале“, салата во која ќе се играат натпреварите.
 
Натпреварот меѓу Македонија и Украина се игра од 20:30 часот, претходно од 18:15 играат Чешка и Австрија.
 

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе