ЕП Хрватска 2018

Македонија ги почнува битките на Европското првенство, прв е мегданот со Словенија

Македонската ракометна репрезентација денеска го почнува петтиот настап на Европските првенства, противник е третата селекција од последниот Мундијал, Словенија.

Завршија подготовките, дојде денот кога сработеното треба да се покаже на теренот, Македонија денеска од 19:30 часот го почнува настапот на ракометниот собир во Хрватска, противник ни е бронзената Словенија.
 
Момците на Раул Гонзалез во одлична атмосфера ги одработија задачите пред настапот на големиот турнир. Одиграа само два пријателски меча, но имаа доволен број на тренинзи на кои ги воигруваа замислите на шпанскиот стратег. 
 
Селекторот немаше проблеми со повредени играчи, сите се здрави и желни за големи победи. Тој одлучи Гоце Ојлески, Велко Маркоски и Златко Даскаловски да бидат тројцата ракометари кои на стартот на првенството нема да бидат во комбинација за настап.
 
Словенија е незгоден противник за Македонија, досега имаме одиграно пет меѓусебни дуели од кои сме победиле само на еден. Последниот пораз го доживеавме минатата година кога загубивме со убедливи 29:22, на тоа Светско првенство Словенија го освои третото место.
 
Веселин Вујовиќ имаше проблеми со повредени ракометари, остана без неколку клучни играчи, составот не е оној кој ја искачи Словенија на пиедесталот, а тоа и дава реална шанса на Македонија вечерва да се надева на старт со победа на Европското првенство.
 
Ова ќе биде петто учество на Македонија на Европските првенства, досега никогаш не сме стартувале со победа, но таа негативна традиција некогаш ќе биде срушена, зошто да не уште вечерва во Загреб.
 
Македонските ракометари ќе имаат поддршка од околу 2.000 навивачи кои ќе бидат во помала бројка од Словенците, тие во Загрепска арена веројатно ќе зафатат и тројно повеќе места на трибините.
 
Натпреварот против Словенија почнува од 19:30 часот, два дена подоцна играме против Црна Гора, а првата групна фаза ја заокружуваме на 17. јануари против актуелниот европски шампион Германија. Првите три селекции од групата продолжуваат во втората групна фаза во која се вкрстува со најдобрите три од Данска, Шпанија, Унгарија и Чешка.
 
Од Загреб: Ристе Ѓорѓиевски
 

Македонија сѐ повеќе заглавува во сиромаштија чија стапка изнесува скоро 22 отсто од вкупното население, речиси една третина од децата живеат во сиромаштија.

повеќе

Дали поновите, посјајните и посложените нешта автоматски значи дека се подобри? Всушност, најчесто вистината е спротивна на тоа.

повеќе

Сознанијата за степенот на местенки во судството неминовно го наметнува прашањето дали има местенки и во високото образование.

повеќе