Голманот Волф не може да се помири со ремито

Македонија е многу паметна репрезентација, на Германците не им се верува дека не победија

Голманот на германската репрезентација, Андреас Волф има само комплименти за Македонија иако не може да поверува дека не успеаја да победат и сега се зад нас во групата во Вараждин.

Поминаа три натпревари а Македонија уште не знае за пораз на Европското првенство, денеска силата на Македонците ја почувствува и Германија. Тие не можат да се помират со ремито, но можат да бидат среќни што не загубија.

„Знаевме дека ќе биде тешко бидејќи нашиот противник игра многу паметно. Ни покажаа колку добри можат да бидат, жал ми е што не победивме денес. Тешко ни е да поверуваме дека не ги земавме двата бода денеска поради тој глуп пас на крајот“, изјави голманот Волф по натпреварот.

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе