СП 2023

Македонија доби тешка група за СП 2023

Македонските ракометари денеска ги дознаа противниците за Светското првенство кое во јануари ќе се одржи во Полска и Шведска, во група сме заедно со Норвешка, Аргентина и Холандија. 

Норвешка е првиот фаворит во групата, тие ги добивме од првиот шешир. Од третиот ни беше извлечена Аргентина која во изминатите години стана најдобрата селекција од Јужна Америка.
 
Од последниот шешир ни се падна Холандија која има ракометен прогрес во последниот период кој беше видлив на последното Европско првенство на кое ја совладаа Унгарија и се пласираа во главната фаза.
 
 
Нашата репрезентација своите натпревари ќе ги игра во Краков, а познат е и распоредот.
 
13. јануари Македонија - Норвешка 20:30 часот
15. јануари Македонија - Холандија 20:30 часот
17. јануари Македонија - Аргентина 20:30 часот
 
Најдобрите три селекции од секоја група се пласираат во главната групна фаза.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе