Европско првенство 2022

Македонија доби тешка група за Европското првенство 2022

Македонските ракометари не поминаа најдобро на денешната ждрепка за Европското првенство кое од 13 до 31 јануари ќе се игра во Унгарија и Словачка. 

Македонија се падна во групата А во која покрај нас се селекциите на Словенија, Данска и Црна Гора. Натпреварите од нашата група ќе се играат во Дебрецен.
 
Само првите две селекции од групата продолжуваат понатаму. Ако ја поминеме фазата во Дебрецен, се селиме во Будимпешта каде што ќе вкрстиме со двете најдобри од групите Б и Ц.
 
ГРУПА А (Дебрецен): Словенија, Данска, Македонија, Црна Гора
ГРУПА Б (Будимпешта): Португалија, Унгарија, Исланд, Холандија
ГРУПА Ц (Сегедин): Хрватска, Србија, Франција, Украина
ГРУПА Д (Братислава): Германија, Австрија, Белорусија, Полска
ГРУПА Е (Братислава):Шпанија, Шведска, Чешка, БиХ
ГРУПА Ф (Кошице): Норвешка, Русија, Словачка, Литванија
 

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе