Ждрепка за ЕП 2020

Македонија денеска ќе ги дознае противниците за Европското ракометно првенство

Денеска со почеток од 18:45 во Виена ќе се одржи ждрепката за Европското првенство во ракомет 2020 кое ќе се одржи од 9 до 26 јануари.

Македонската ракометна репрезентација денеска ќе ги дознае противниците за Европското првенство кое ќе се одржи на почетокот на следната година во Австрија, Шведска и Норвешка.
 
Македонија на првото место ја заврши својата квалификациска група, во ждрепката ќе биде влечена од вториот шешир во кој се уште и Норвешка, Словенија, Германија, Унгарија и Белорусија.
 
Ждрепката е полудиригирана, па веќе се знае дека нема да играме во групите Ц и Д кои се играат во Норвешка. Во групата Ц ќе игра Германија, а во групата Д, домаќинот Норвешка, тие две селекции се од нашиот шешир, па ние не би можеле да се паднеме таму
 
Желбата е да се паднеме во група која ќе се игра во Австрија, но може да се случи тоа да биде и во Шведска. Во Грац ќе игра Хрватска, во Виена Австрија, во Маламе е Данска, а во Гетеборг Шведска.
 
Шешири:
 
1. Шпанија, Шведска, Франција, Данска, Хрватска, Чешка
2. Норвешка, Словенија, Германија, Македонија, Унгарија, Белорусија
3. Австрија, Исланд, Црна Гора, Португалија, Швајцарија, Летонија
4. Полска, Русија, Србија, Украина, Босна и Херцеговина, Холандија
 

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе