Брестовац го одреди тимот за премиерниот меч на ЕП 2020

Македонија без Серафимов и Томовски против Украина

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Данило Брестовац ги одреди 16-те ракометари со кои ќе се спротивстави на Украина, од комбинација отпаднаа Мартин Серафимов и Мартин Томовски.

Македонија утре го започнува настапот на ЕП 2020, во 20:30 часот се среќаваме со Украина, па селекторот Данило Брестовац попладнево го одреди тимот за премиерниот меч.

Од комбинација отпаднаа десниот бек Мартин Серафимов и голманот Мартин Томовски.

Тоа значи дека Македонија ќе игра со тројца пикери и со повеќе играчи кои ќе се обидат да го покријат отсуството на Велко Маркоски. Откако навреме се опорави од повредата, во тимот се најде и младиот Марко Мишевски, кој ќе треба да помогне во одбраната.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе