Лига на шампиони

Махула: Ова не беше фер, судиите не ни дозволија да играме рамноправен натпревар

Тренерот на Фленсбург, Маик Махула ги обвини судиите за поразот од Вардар, вели дека не суделе рамноправно. 

По трите победи во првите три меча од Лигата на шампионите, Фленсбург дојде по триумф и против Вардар, но со пораз си заминува од Скопје. Тренерот Махула вината ја бара во судиите.
 
„Честитки за Вардар за оваа победа. Не сум задоволен. Т.е. задоволен сум само од настапот, посебно на почетокот, во првите 15 минути. Не го остваривме она што се договоривме. Имавме добри решенија во нападот, но не и во одбраната. Нормално, не зборувам за судиите, но денеска морам малку да зборувам за нив. Сите видоа што се случи, не беше во ред тоа, според мене. Немавме шанса да играме рамноправен меч. Честитки за Вардар. Ние одиме да се подготвуваме за следната средба. Сега имаме две нови повреди, ќе мора да се снаоѓаме“, вели тренерот Махула.
 
За разлика од него, ракометарот Ласе Сван вината ја бараше во тимот.
 
„Штета за нас што не можевме да ги освоиме двата бода, беа важни. Секако дека сме разочарани од себеси, дека не ги направивме работите за кои се договаравме пред мечот. Пред се во првото полувреме. Покажавме доста морал, бидејќи, иако заостанувавме 3-4 гола се вративме и изедначивме рано во второто полувреме. Сепак, оттука натаму беше тешко. Мора да одиме дома и да се подготвиме подобро за следниот меч. Секој е важен“, изјави Сван по мечот.
 

Како што тргнало, на крај, кога ќе го оствариме сонот и конечно ќе влеземе во ЕУ, ќе бидеме нација X, со јазик Y, со националност Z? Кој ќе се радува на тоа?

повеќе

Зошто да не му веруваме на лидерот кој е на чело на колоната запатена кон ЕУ?

повеќе

Логиката е кога веќе се успеа со Преспанскиот договор, кога веќе отстапката е потпишана, зошто да не се направи тоа и со Бугарија.

повеќе