Македонецот и официјално се сели во Бундеслигата

Магдебург го потврди трансферот на Филип Кузмановски

Тоа што од поодамна се знаеше сега е и официјално, Филип Кузмановски се сели во Бундеслигата, Магдебург го потврди неговиот ангажман. 

Македонскиот ракометен репрезентативец ќе го носи дресот на Магдебург откако потпиша тригодишен договор со германскиот клуб.
 
„Можеме и официјално да потврдиме дека 22-годишниот Филип Кузмановски потпиша тригодишен договор со нас од 2019 до 2022 година“, стои во дел од соопштението на Магдебург.
 
Тренерот на германскиот клуб, Бенет Вигерт е многу задоволен што на располагање ќе ги има квалитетите на Кузмановски.
 
„Многу сум задоволен што успеавме да потпишеме со Филип Кузмановски кој е еден од најталентираните ракометари во Европа. И покрај тоа што има 22 години тој веќе има големо интернационално искуство во Лигата на шампионите и на големи турнири. Тој е флексибилен играч во нападот и одбраната и ќе биде големо засилување за нашиот тим. Среќни сме што успеавме да ја побеиме конкуренцијата бидејќи тој беше во фокусот на многу големи клубови. На Филип му посакуваме успешно и без повреди Светско првенство“, изјави тренерот на Магдебург.
 

Неопходно е да се надминат бариерите кои во моментов се присутни во регулаторната, политичката, финансиската и пазарната рамка и кои го кочат напредокот кон обновливите извори на енергија.

повеќе

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе