Европска лига

Магдебург го надигра Еурофарм Пелистер во Битола

Магдебург покажа дека е многу посилен тим од Еурофарм Пелистер откако во Битола победи со 32-24 во меч од Европската лига. 

Магдебург покажа моќ во салата „Боро Чурлевски“, Германците уште од самиот почеток му ги одземаа сите шанси на битолскиот тим да се надева дека може да дојде до поволен резултат.
 
Бундеслигашот имаше фуриозен старт на мечот, во 20. минута водеше со превисоки 11-3, до крајот на првиот дел Еурофарм Пелистер успеа да го намали резултатот на 15-9.
 
Во второто полувреме Магдебург само рутински го чуваше водството и на крајот сосема заслужено дојде до убедлива победа од 32-24.
 
Стипе Мандалиниќ со шест гола беше најефикасен во составот на Металург, Граѓан постигна пет. Во составот на Магдебург Магнусон беше незадржлив со 10 голови од 11 шута.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе