Преговорите ќе се финализираат во Келн

Лука Циндриќ од следната сезона ќе игра за Барселона!

Преговорите меѓу Кјелце и Барселона се во завршна фаза, Лука Циндриќ од следната сезона ќе го носи црвено-синиот дрес.

Поранешниот ракометар на Вардар, Лука Циндриќ ќе биде ново засилување за Барселона, дека преговорите се во завршна фаза има потврда и од полскиот клуб.
 
Сите детали ќе бидат прецизирани во Келн каде и Кјелце и Барселона се дел од фајнл-фор турнирот.
 
„Во завршни преговори сме, овој викенд уште еднаш ќе разговараме со Барселона и многу е веројатно дека ќе ги завршиме преговорите. Постојат некои мали разлики кои нема да имаат влијание на исходот од преговорите. Лука сака да игра за Барселона, тоа било негов сон и тешко е да се одбие една ваква понуда. Но верувам дека Циндриќ некогаш повторно ќе се врати во Кјелце. Лука сака да си оди, а јас не сакам да имам несреќни играчи во клубот“, изјави претседателот на Кјелце, Бертуш Сервас.
 

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе