Ракометарот кој во минатата сезона со успех играше за Еурофарм Пелистер, сега ќе го носи црвен-црниот дрес на Вардар.
Миха Зарабец од Кил или Ловро Јотиќ беа во комбинација за трансфер во Вардар, сепак изгледа полесно беше да се добие хрватскиот ракометар.
Ловро Јотиќ во новата сезона требаше да игра за Бенфика, но поради коронакризата португалскиот клуб го намали буџетот па Хрватот се врати во Македонија.