Лига на шампиони

Лоша игра во одбраната на Вардар за катастрофален пораз кај Веспрем

Вардар одигра втор очаен натпревар по ред, европскиот шампион овој пат со убедливи 39:30 загуби на гостувањето кај Веспрем. 

Дуелот меѓу двата финалисти од Лигата на шампионите помина во доминација на унгарскиот тим, Вардар изгледаше бело не покажувајќи ништо од шампионскиот сјај.
 
Едуардо Кокшаров на клупата на Вардар стартуваше онака како што заврши Писонеро, со убедлив пораз. Причина за дебаклот беше лошата игра во одбраната со дури 39 примени голови. Голманите Кугис и Гедбане имаа уште едно потпросечно издание.
 
Вардар добро тргна во мечот, во првите минути имаа водство од 4-2, но потоа запреа. Веспрем направи серија и поведе со 9-5. Предноста од четири разлика Унгарците ја задржаа, на одморот се замина со 21:17 за нив.
 
Во вториот дел Вардар добро почна, намали на два негатива, имаше и напад за -1 но не успеа. Брзо потоа Веспрем со лесни голови го откажа Вардар од натпреварот. Во еден период европскиот шампион губеше и со 12 разлика, конечниот резултат гласеше 39:30 за Веспрем.
 
Дибиров со осум голови беше најефикасен во составот на Вардар, пет постигна Дисингер, четири Пелско. Шмид со осум голови беше најдобриот кај Веспрем.
 
Вардар во следното коло го пречекува Мешков Брест против кој ќе има шанса да им се врати на победите.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе