СП 2022

Левандовски: Не можам да замислам да играм меч со Русија додека тие ја напаѓаат Украина

Полска одбива да го игра баражот за Светското првенство против Русија, а нивната главна ѕвезда, Роберт Левандовски ја поддржува таа одлука. 

На 25 март во Москва, Полска треба да гостува кај Русија во полуфиналниот бараж дуел за пласман на Светското првенство, но големи се шансите тој меч да не се одигра.
 
Полската фудбалска федерација излезе со соопштение во кое вели дека нема намера да игра плеј-оф меч против Русија, а на тоа им се приклучија и Шведска и Чешка кои би можеле да бидат противници на Русите во финалето од баражот.
 
Сите три репрезентации одбиваат да играат со Русија, а таков е ставот и на Роберт Левандовски.
 
„Тоа е вистинска одлука! Не можам да замислам да играме со Русија во ситуација кога тие имаат вооружена агресија во Украина. Руските фудбалери и фанови не се одговорни за тоа, но ние не можеме да се правиме како ништо да не се случува“, вели Левандовски.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе