СЕХА лига

Лесна победа на Вардар против Пекинг

Вардар очекувано без проблеми го победи тимот на Пекинг Универзитет, натпреварот кој заврши 36:28 за шампионот, беше решен во првото полувреме. 

Натпреварот против Пекинг Универзитет во Загреб беше само посериозен тренинг за Вардарци во пресрет на новите предизвици во Лигата на шампионите.
 
Актуелниот шампион во СЕХА лигата мечот против кинескиот противник го реши уште во првото полувреме кое го доби со дури 11 гола разлика, 21:10.
 
Во вториот дел Вардар се опушти, шанса добија младите ракометари, па високата предност беше смалена на осум голови разлика, конечниот резултат гласеше 36:28.
 
Пелко и Ќосевски постигнаа по седум голови, Димитриоски даде шест, по четири Кукуловски и Карапалевски. Кугис имаше осум интервенции, постигна и еден гол.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе