петок, 29 март 2024

САД презедоа нови чекори за да се осигура дека американската технологија за оружје нема да заврши во Русија

„САД побараа од американските компании да престанат да испорачуваат стоки на повеќе од 600 субјекти во странство поради страв дека нивните производи би можеле да бидат пренасочени во Русија и да се користат во инвазијата на Украина“, изјави вчера американски претставник.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Американското Министерство за трговија издаде писмени предупредувања до најмалку 20 компании во последните недели, што е последен обид да се запрат руските воени напори во Украина, изјави претставник на министерството.

Имено, овие компании произведуваат и продаваат компоненти пронајдени во проектили и дронови на украинска територија.

Откако Русија ја нападна Украина во 2022 година, САД и повеќе од 30 други земји воведоа низа санкции со цел да ги ослабат руските борбени способности за да го спречат пристапот до западната технологија. Сепак, американски компоненти сè уште се наоѓаат во руското оружје оставено на бојното поле во Украина, забележува Ројтерс.

„Во последните неколку недели испративме писма на адресите на повеќе од 20 американски компании, а секое содржи список со повеќе од 600 странски субјекти“, рече помошникот државен секретар Метју Акселрод на годишната конференција за контрола на извозот.

„Во нашите писма баравме американските компании доброволно да престанат со испорачување на стоки на овие страни поради високиот ризик од нивно пренасочување кон Русија“, посочи Акселрод.

Акселрод рече дека одредени американски претставници, исто така, директно контактирале со лидерите на американските компании за да разговараат за понатамошните чекори што може да се преземат за да се спречи нивните производи да завршат во Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ