УБЕДЛИВИ 35-22 ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРВАК

Лесен триумф на подмладениот Металург над Раднички

Македонскиот ракометен шампион Металург оствари лесна победа над Раднички од 35-22 во вечерашната СЕХА пресметка на домашен терен во "Борис Трајковски".

На Металург му требаа неколку минути да го реши прашањето околу победникот во дуелот со Раднички поради очигледната разлика во квалитетот. Гостите рутински одигруваа, а во тимот на македонскиот првак не настапија звучните имиња, туку просторот беше наменет за помладите.

Најавените Нелоски, Талески и Пешевски ги искористија шансите за докажување. Најефикасен беше Дејан Манасков со 9 гола, Марсениќ даде 5 а голманот Никола Митревски имаше 10 одбрани.

Екипата од Автокоманда ја очекува гостување на 20 септември кај Веспрем, последна проверка пред настапот во ЛШ.

Кодификацијата на бугарскиот јазик се случила цели шест месеци и 25 дена покасно од кодификацијата на македонскиот јазик.

повеќе

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе