ЕП 2020

Лазаров знае како се полни украинската мрежа

Македонија денеска со меч против Украина го почнува настапот на Европското ракометно првенство, а статистиката на нашиот капитен Кире Лазаров против Украинците е фантастична. 

Македонија нема одиграно многу меѓусебни дуели со Украина, со нив прв пат се среќаваме на едно големо натпреварување. Претходно имаме одиграно само четири квалификациски мечеви од нив два се во блиско минато и можат да послужат како релевантна статистика.
 
Во квалификациите за ЕП 2018, во Скопје ја победивме Украина со 27:21, на нивен терен одигравме нерешено 27:27. Во тие два меча свое шоу имаше Кире Лазаров, постигна вкупно 20 голови, од кои 12 на првиот меч, осум на вториот.
 
Капитенот Лазаров е оптимист, верува дека Македонија е благ фаворит против сите три селекции од нашата група и имаме големи шанси да се пласираме во следната фаза во која одат двете најдобри од групата.
 
„Имавме добра ждрепка, Украина, Чешка и Австрија се противници по мерка против кои сме благи фаворити, имаме амбиции и добра селекција. Имаме млад состав, но тоа се ракометари кои веќе играле на големи натпреварувања. Оптимист сум, но нема да размислуваме многу однапред, одиме од натпревар за натпревар“, вели Кире Лазаров.
 
Натпреварот меѓу Македонија и Украина почнува од 20:30 часот.
 

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе