Капитенот им се извини на навивачите

Лазаров: Заслужуваме критика, ова е удар за македонскиот ракомет

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров им се извини на навивачите по дебаклот кој го доживеавме на Европското првенство. 

Македонија со тежок пораз од Австрија го заврши настапот на Европското првенство. Капитенот Кире Лазаров жали за исходот од шампионатот, вели дека треба да почнеме од почеток и да го вратиме ракометот онаму каде што беше претходно.
 
Тешко е сега да се зборува, треба да седнеме, да одмориме и со ладна глава да го анализираме мечот. Стојам зад тоа дека можеме да играме со овој тим на Австрија, многу пати сме ги победувале“, вели капитенот Кире Лазаров.
 
„Мечот го одигравме под наше ниво, со многу технички грешки, со многу промашени чисти удари, го разбранивме нивниот голман и тоа беше пресудно во вакви одлучувачки мечеви. Тешко е да се бара победа доколку го започнеш мечот така. Од тактичка гледана точка можам да кажам дека не изненадија со 5+1, со полуфластер на мене, немавме решение, тука не натераа да правиме технички грешки, дури и кога правевме чисти ситуации за шут ги промашувавме“.
 
„Разочарани сме, очекувавме многу повеќе, затоа што имавме добра група, секој ракометен фанатик, па дури и лаик може да каже дека можевме со сите, бевме и благ фаворит, но тоа е спортот“.
 
„Сакам да изрзам благодарност за сите присутни кои одвоија време и средства да дојдат овде, да не бодрат. Ова беше едно драгоцено искуство, можеби имаше и повеќе Македонци отколку во 2012 кога направивме историски успех. Виена е многу подалеку од Ниш и Белград, секоја чест, капа долу за сите Македонци кои дојдоа. Останавме должни, заслужуваме секаква критика, ова еден удар за нас, и за македонскиот ракомет. Треба да се направи анализа и да се почне од почеток, затоа што не смееме да го загубиме она што е најубаво, што е најсвето, затоа што ниту една друга репрезентација не може да си дозволи 5000-6000 навивачи на првенство во друга земја. Тоа е огромно богатство, затоа како капитен сакам да им се извинам на сите кои беа тука и кои не гледаа од Македонија. Но тоа е спортот одиме напред, треба да направиме максимален напор ракометот да го издигнеме повторно каде што беше дури и подобар“.

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе

Перењето пари преку трансакции со недвижнини ги интегрира црните фондови во економијата, притоа обезбедувајќи сигурна инвестиција.

повеќе