ЕП 2022

Лазаров: Задоволен сум, но многу работи не исполнивме

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров вели дека денеска ќе им ги посочи грешките на играчите, смета дека Македонија од ден на ден треба да игра се подобро. 

Македонските ракометари водеа голема борба против Словенија, одиграа борбено и храбро, не разочараа иако направија голем број на грешки.
 
„Јас вчера намерно не го изгледав натпреварот пред да заспијам, туку утрово погледнав 30 минути од мечот. И покрај тоа што во нашиот состав владее задоволство, сепак многу работи кои ги повторувавме - не ги исполнивме. Бевме блиску до триумф и поради тоа сакав да ги пофалам репрезентативците, но морам и да им ги посочам грешките. Се договаравме пред натпреварот да не ги понесат емоции и да бидат фокусирани на договорот, меѓутоа сепак се работи за млада и неискусна екипа“, вели Лазаров.
 
„Едноставно треба со тек на време да станат победници и да знаат како се победува. Загрижен сум во моментов бидејќи не ги исполнивме договорените работи, сепак оставивме позитивен впечаток и сакам тоа да нè разбуди за да бидеме подобри во вториот меч против Црна Гора. Ние не треба да се измачуваме психички со противниците, туку треба да се надоградуваме самите себе“.
 
„Ние треба да бидеме од ден на ден сè подобри. Фокусот и концентрацијата се најважни во сите 60 минути, сепак има многу позитивни и негативни работи кај индивидуалци, но ќе им го кажам тоа на позитивен начин“.
 
Утре (сабота) со почеток од 18 часот го играме вториот натпревар на Европското првенство. Мора да ја победиме Црна Гора за да ги одржиме шансите за пласман во следната фаза.
 
„Не сакам да ја потценам Црна Гора, која можеби има подобри индивидуалци и од нашата репрезентација, но мислам дека сме подобри како колектив. Не сакам да ги отворам картите пред  натпреварот, а треба и да го анализираме противникот затоа што во досегашните материјали и нивниот вчерашен настап има мали разлики во составот. Никогаш не се знае затоа што ниту вчера не ги очекувавме Шеваљевиќ, ниту Мијушковиќ, кои се враќаат во репрезентацијата. Од ден во ден се менува ситуацијата и мора да се прилагодуваме“.

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе