Подготовки за ЕП 2022

Лазаров: Задоволен сум, не ми е важен резултатот, важен ми е пристапот

Македонската ракометна репрезентација го совлада Кувајт со 31-21 во првиот подготвителен натпревар за Европското првенство. 

Македонија одигра тесно прво полувреме кое го доби со еден гол разлика, но во вториот дел бевме фантастични и славевме убедливо.
 
Селекторот Кире Лазаров вели дека е задоволен од пристапот кон овој натпревар, тоа му е најважно.
 
„Среќен сум не затоа што победивме со 10 гола разлика, туку затоа што пред натпреварот им укажав на момците дека стартуваме без девет стандардни репрезентативци, што поради повреди, што од други причини и успеав да ги уверам дека без разлика на тоа, ако се сака – се може! На тоа работевме и тоа го покажаа на теренот. Ме радува и тоа што во првото полувреме игравме во егал, беше само еден разлика за нас, но затоа во второто го засиливме ритамот и успеавме да славиме со 10 разлика. Не ми е толку важен резултатот, колку што ми е важен пристапот на самиот натпревар. Она што го договаравме, го спроведовме на терен. Мислам дека ова ќе биде поттик за играчите за тоа што ни преостанува во наредниов период, да работиме уште понапорно, да се обидеме да ги задржиме добрите работи и да ги поправиме оние слабите кои се увидуваат на ваквите натпревари, да напредуваме од ден во ден“, истакна Лазаров.
 
Лазаров е свесен за големата разлика меѓу Кувајт и било кој од нашите противници во групата, Данска, Словенија и Цирна Гора.
 
„Не може да нè понесе никаква еуфорија, газиме цврсто на земја и знаеме што нè очекува. Не можеме да го споредиме Кувајт со Словенија, со Црна Гора и со Данска, тоа се два различни света во секој поглед. Меѓутоа радува пристапот, ангажираноста на тренинзите. Јас знаев дека ќе одиграме квалитетно и со голем жар, бидејќи во последниве 4-5 дена работевме максимално напорно и посветено“.
 
На овој меч добија шанса и младите ракометари кои се борат за влез во конечниот состав кој ќе патува на ЕП.
 
„Едно е клуб, а друго е национален тим. Националниот тим во текот на годината нема многу време и затоа се овие четири натпревари. Ние имаме промена на генерација и морате на вакви натпревари да им дадете шанса и среќен сум што голем дел од нив ја искористија. Ова за нив е еден голем поттик, кураж да работат посветено и да се борат за националниот дрес. Јас сакам да го вратам она што го загувивме малку во минатиот период, да го заслужите националниот дрес. Повик е повик, но настап во националниот дрес треба да го заслужите. Сакам да имаме компетитивност, да имаме голем фонд на играчи кои ќе конкурираат и едноставно да ги натераме да се борат во своите клубови, да нè убедат нас од стручниот штаб дека го заслужуваат националниот дрес“.

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе