Европско првенство 2022

Лазаров: Противниците се тие што се, на секој меч ќе одиме на победа

Македонската ракометна репрезентација доби тешка група на денешната ждрепка за Европското првенство 2022, но Лазаров вели дека нема изговори, одиме на победа на секој натпревар. 

Македонија ќе игра во група со Словенија, Данска и Црна Горан во Дебрецен. Првите две селекции продолжуваат во следната фаза.
 
Селекторот Кире Лазаров знае дека ќе биде тешко, но вели дека се ќе зависи само од нас.
 
„Противиците се тие што се, нема многу да се оптоваруваме со нив. Ќе се подготвиме максимално и ќе играме секој натпревар на победа. Прочитав некаде Николче Митревски, еден од нашите лидери изјавил дека ако играме како што умееме, не е важно кој ќе ни биде ривал. Веќе од утре почнуваме со подготовки за ЕП. Одиме по потешкиот пат, но нема изговори. Зависиме од нас самите и од тоа колку ние ќе успееме да го подигнеме нашето ниво до јануари“, изјави Лазаров.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе