СП ФРАНЦИЈА 2017

Лазаров: Подготвени сме да ја презентираме Македонија во најдобро светло

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров вели дека целта на Светското првенство е да ги задволат очекувањата на навивачите во нашата земја.

Македонија утре против Тунис го започнува настапот на Светското првенство во Франција. Подмладената селекција на Лино Червар е подготвена за предизвикот. 
 
„Одработивме едни квалитетни, чесни подготовки, бевме вредни како никогаш до сега, се надеваме дека и среќата ќе не послужи која е неопходна на овие големи натпреварувања. Ми се допаѓа атмосферата во репрезентацијата иако знаеме дека таа споро се прави но брзо се руши. Со само еден лош меч или пораз може да биде се поинаку“ - вели капитенот Кире Лазаров.
 
„Во Лино Червар имаме еден искусен стратег кој има големо искуство на репрезентативен план, освојувал златни, сребрени, бронзени медали. Тоа е наша предност, но првенството е исклучително квалитетно и не смееме да потцениме ниту една репрезентација, вклучително и Ангола“.
 
„Многу ја посакуваме победата над Тунис, но што и да се случи ништо нема да биде решено. Сакаме да се пласираме во осминафиналето, но да одиме чекор по чекор. Сакаме да ја презентираме Македонија во најдобро светло и да ги задоволиме нашите навивачи и да ги исполниме нивните очекувања“.
 
Натпреварот помеѓу Македонија и Тунис се игра утре (четврток) со почеток од 17:45.

Во Мексико, Индија и Турција, жените завршуваат трипати повеќе обврски поврзани со грижа од мажите.

повеќе

Сега свесно или несвесно се оди во друг правец, сведувајќи ја  партијата  на ниво на  дебатен клуб.

повеќе

Најчести места каде што може да се препознае (и шири) говорот на омраза на интернет се всушност онлајн медиумите кои дозволуваат простор за коментирање.

повеќе