ЕП 2022

Лазаров: Ова ЕП ќе го сфатиме како позитивно искуство и ќе ги засукаме ракавите за следните предизвици

Селекторот на Македонија, Кире Лазаров вели дека и покрај трите порази, ова Европско првенство треба да биде корисно за развојот на нашата репрезентација. 

Македонија денеска со убедлив пораз од Данска го заврши настапот на Европското првенство. Од трите натпревари не забележавме ниту една победа, но селекторот Лазаров се обидува да гледа позитивно на работите.
 
„Јас ги сакам подготовките за натпревари, особено со големи противници, задоволство ми е да се надмудрувам. Меѓутоа колку и да се трудев, ове беше невозможна мисија да дадеме поголем отпор, иако во добар дел од мечот дадовме некој отпор и тоа со неафирмирани играчи, кои се млади и кои би требало да бидат иднината. Овие минути коишто им ги дадовме, можеби многу ќе им значат. Од сето видено овде треба полека да го оформиме костурот, да ги најдеме тие 16 до 20 играчи, кои ќе ѝ служат на Македонија во наредните 10 години. Друго е кога ќе видите некој играч во македонско првенство, во клуб, а друго е во репрезентација, на големо натпреварување, против една Данска. Мислам дека ќе анализираме и може отприлика да ни се чисти сликата и да видиме на кој можеме да сметаме, за да дојдеме до тие 20 играчи кои би играле во две насоки, би држеле со Данска 60 минути“, вели Лазаров.
 
„Многу ни значи ова првенство. Излезе дека сепак сме имале два силни противника, видовме дека Црна Гора денеска ја изненади Словенија. Ништо, како едно позитивно искуство ќе го сфатиме ова ЕП, ќе ги засукаме ракавите во една позитивна атмосфера. На играчите ништо не можам да им замерам, бидејќи одработија екстра подготовки. Навистина трениравме напорно, но некогаш не можете против проблемите. Најверојатно ова требало да се случи, го прифаќаме со насмевка, иако таа насмевка малку е кисела. Не вреди да се жалеиме, на крај и другите имаат повредени, а ние мора да се прилагодуваме“.

Кире Лазаров поради повреда не настапи на Европското првенство, но вели дека ако е здрав ќе игра на баражите.

„Ако сум здрав, да, ќе играм. Мислам дека на момците ќе им значи моето присуство сум на терен, мене ми е навистина жал што не можев, навистина се подготвував. Сите се подготвувавме но некаде по 7 јануари се распаднавме како кула од карти".

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе