Капитенот верува дека имаме квалитет да ја поминеме првата фаза

Лазаров оптимист: Против сите во групата сме благи фаворити, многупати сме ги победувале!

Капитенот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров е оптимист пред почетокот на Европското првенство, смета дека „црвено-жолтите" се благи фаворити во групата и имаме квалитет за да ја минеме првата фаза.

Во пресрет на стартот на втората етапа од подготовките за континенталниот собир, Кирил Лазаров се појави на прес конференција заедно со селекторот Данило Брестовац. Капитенот на ракометната репрезентација на Македонија е оптимист во пресрет на Европското првенство, вели дека сме благи фаворити во групата и имаме квалитет за да ја минеме првата фаза.

„Влогот е голем, ова е Европското првенство но и квалификации за Олимписките игри. Треба да си поставиме високи цели и доколку ни се укаже шанса да ја заграбиме. Знам дека имаме квалитетна репрезентација, имаме пет играчи кои настапуваат во Бундеслигата. Имаме ростер со кој треба да бидеме конкурентни против сите ривали со кои ќе се сретнеме на ЕП. Имаме квалитет за да ја минеме првата фаза, но мора да одиме чекор по чекор, натпревар по натпревар. Во групата имаме селкции кои сме ги победувале во минатото, но мора да внимаваме. Ние сме благи фаворити, дури и против домаќинот Австрија“ – вели Кирил Лазаров.

Македонија на Европското првенство е во група со Украина, Австрија и Чешка. Пласман во втората фаза обезбедуваат двете најдобри репрезентации.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе