СП 2019

Лазаров: Недостатокот на квалитет да го надополниме со патриотизам

Македонија победнички тргна на Светското првенство во Германија и Данска, а најдобар стрелец во триумфот над Јапонија беше капитено, Кире Лазаров.

Лазаров со осум постигнати голови ја предводеше македонската репрезентација до почетна победа на Мундијалот.
 
„Не беше лесно како што кажува резултатот. Убаво се подготвивме за овој натпревар и тоа вроди со плод. Но педесетина минути се боревме додека да го решиме мечот. Не ми се допаднаа некои работи, кога имавме водство си земавме за право да правиме некои неодговорни шутеви, но што е тоа е. Ова е една нова репрезентација која треба да се гради и момците од натпревар во натпревар ќе созреваат. Ова е голем триумф за нас, за зголемување на самодовербата, пред се на младите ракометари“, вели Лазаров.
 
„Одиме чекор по чекор, ако некој мисли дека ќе биде лесно, не е така. Тоа е македонско размислување, кога ќе победиме, одма мислиме дека е лесно, дај боже да биде така, но мислам дека нема да е лесно со Бахреин. Тие се цврста репрезентација, играа финале против Катар на Азискиот куп, имаат добра екипа“.
 
„Сега треба да се одмориме, мислам дека и вие сте свесни дека имаме недостаток на квалитет, но тоа можеме да го надоместиме само со патриотизам и национален набој. Само со таква посветеност и желба можеме да парираме на противниците“.

Во дипломатијата како гранка од јавно политичкиот живот професионалните кадри треба да бидат повеќе застапени од политичките.

повеќе

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе