Квалификации за ЕП 2020

Лазаров: Мораме подобро!

Капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров вели дека ова не е најдоброто од селекцијата, мора да се подобри играта пред почетокот на Европското првенство.

Македонија ја победи Грција со 27:23 и го завери првото место во групата. Но општо впечаток е дека ракометарите можат да одиграат на многу повисоко ниво.
 
Кире Лазаров вели дека Македонија мора да ја подобри играта и да има подобри изданија од овие против Турција и Грцијај.
 
„Среќни сме поради пласманот на Европското првенство, но ова не е најдоброто од нас, мораме да играме многу подобро. Првата позиција ќе ни донесе подбра ждрепка. Игравме со поразличен тим од претходниот меч, но тоа дека сме подмладени не е изговор, и Франција и Германија се млади. Не треба да се делиме на млади и стари, туку на добри и лоши. Мора да имаме притисок за да успееме“, вели Лазаров.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе