Квалификации за ЕП 2022

Лазаров: Ме изнервираа изјавите на Швајцарците пред натпреварот, не покажаа доволно почит кон нас

Селекторот и капитен на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров е задоволен од играта во четирите квалификациски меча во кој ја предводеше Македонија и во новата улога. 

Фото: РФМ
Македонија со пет победи од шест меча се пласираше на Европското првенство, Кире Лазаров беше селектор на последните четири дуели а еден од нив беше и мечот со Данска кој го добивме во Скопје.
 
Денеска на Швајцарија и беше доволен и бод за пласман на ЕП, но не дојдоа до него. А Лазаров вели дека изјавите на Швајцарците дополнително го мотивирале.
 
„Ме изнервираа изјавите на Швајцарците пред натпреварот, кога кажаа дека биле блиску со Данска, но очигледно заборавија дека ние ја победивме Данска и дека треба повеќе да покажат почит кон нас“, вели Лазаров.
 
„Сакам да им се заблагодарам на ракометарите за тоа што го направија, три победи во четири меча против врвни репрезентации. Може да забележите дека не е лесно ако не играте квалитетно. Денеска беше голем психолошки притисок за мене и моите играчи дека нема да го добиеме овој натпревар, но останавме чесни пред нас, се боревме до крај и среќен сум што победивме. Одигравме квалитетен натпревар против Швајцарија. Во овие два три месеци направивме неколку чекори напред и има уште простор за да напредуваме, но и во важни моменти кога бевме во минус, знаевме што правиме и верувавме во нас“.
 
„Јас сум презадоволен од тренинзите. По последниот тренинг им реков на луѓето од мојот стручен штаб дека ова изгледа неверојатно. Ракометарите со голем ентузијазам, концентрација и желба го реализираат тоа што ние го имаме замислено и сакав да кажам дека добивме самодоверба. Ќе ги искористиме следните шест-седум месеци за да организираме турнири на кои ќе треба да подобриме некои работи, а на тие дуели ќе им дадеме шанса на помладите за да добијат искуство и самодоверба. До Европското првенство мора да добиеме уште три-четири ракометари кои ќе треба да допринесат со квалитет“.
 
Кире Лазаров вели дека ќе игра и наредната сезона, веќе се договорил со Нант.
 
„Јас донесов конечна одлука, иако клубот нема официјално потврдено. Ќе играм уште една сезона во Нант со помала минутажа. Така се договоривме и за годинава, но не можат да се остварат сите планови. Се променија работите поради ситуацијата со ковид-19. Не сакав да се збогувам пред празни трибини. Не инсистирав само јас, туку и мојата екипа затоа што играм многу добра сезона“.
 

Легенда под Главна слика

Фото: РФМ

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе