Капитенот веќе се подготвува за следниот предизвик

Лазаров: Кога ќе престанам да играм, сакам да бидам тренер, не сакам да седам во канцеларија

Кире Лазаров вели дека кога ќе стави крај на играчката кариера сака да биде тренер и да биде активен во ракометот, не може да се замисли во канцеларија.

Се ближи денот кога капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров треба да стави крај на кариерата. Тој добро знае што понатаму.
 
„Јасно ми е доаѓа денот кога треба да ја завршам кариерата, и не сум загрижен за тоа, ќе останам во ракометот. Веќе некое време се подготвувам за тоа кога ќе ја завршам кариерата како играч. Отсекогаш сум барал предизвици во животот и среќен сум кога ќе ги најдам. Не ми е предизвик да седам во канцеларија, сакам да бидам тренер и малку по малку се подготвувам за тоа“, вели Кире Лазаров во интервју за balonmanoveteranos.com.
 
Надвор од играчката кариера, Кире Лазаров веќе неколку години го има ракометниот камп кој традиционално се одржува секое лето крај Охридското езеро, ја има и ракометната школа „Кирил Лазаров 7“, а од оваа сезона од таа школа произлезе и клуб кој се натпреварува во првата ракометна лига во Македонија.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе