Лазаров дојде до бројката од 250 настапи во Лигата на шампионите со што го помина Арпад Штербик и стана ракометарот кој одиграл најмногу мечеви во елитното натпреварување.
Македонскиот капитен даде и значаен придонес во победата на Нант над Кјелце која значеше пласман во четвртфиналето.
Кјелце со 25-24 славеше во Франција, но на свој терен го положи оружјето, вечерва Нант победи со 34-31 и го продолжува настапот во Лигата на шампионите.
Лазаров даде четири гола, но имаше и повеќе асистенции, најдобар стрелец за францускиот тим беше Ривера со девет голови, Мин постигна осум. Кај Кјелце, Кулеш реализираше шест пати.