Капитенот ќе игра ракомет и на 41 година

Лазаров го продолжи договорот со Нант до 2021 година

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров стави потпис на договор со Нант до 2021 година, а тоа значи дека ќе игра ракомет и во својата 41. година од животот.

Капитенот Лазаров не планира наскоро да ја заврши ракометната кариера и покрај возраста, тој и Нант ја продолжуваат соработката о 2021 година.
 
Францускиот клуб на својот веб сајт објави дека го продолжува договорот со Лазаров, а задоволство изрази и македонскиот ракометар.
 
„Многу сум среќен што продолжив уште две години со Нант. Дојдов тука бидејќи знаев дека тимот игра со карактер. Не беше лесно на почетокот имав амбиции, но не зборував француски, но таа ситуација се подобри во оваа историска година за клубот. Сега се чувствувам одлично во Нант, го сакам клубот, ги сакам и навивачите. Да се игра во полна сала на секој натпревар е голема привилегија. Исто така, клубот расте по малку секоја сезона и сигурен сум дека заедно ќе бидеме подобри во годините кои доаѓаат. Јас сум лојален човек и сакам да му вратам на клубот за довербата што ми ја даде раководството“, изјави Кире Лазаров.
 

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе