СП 2019

Лазаров: Бахреин е посилен од Јапонија, нема да биде лесно

Капитенот на Македонија, Кире Лазаров смета дека Бахреин е селекција која има квалитет и никако не смее да се потцени, со сериозен пристап треба да се освојат планираните бодови.

Кире Лазаров повикува да се остане на нозе по убедливата победа над Јапонија и внимателно да се влезе во дуелот со Бахреин.
 
„Колку што имам информации од вчерашниот меч со Шпанија, Бахреин е поквалитетна репрезентација од Јапонија. Тоа ни укажува да бидеме многу внимателни во утрешниот натпревар, да не нѐ успие победата од девет разлика со Јапонија, затоа што не беше така лесно како што изгледаше на крајот. Како што се договоривме, мора да одиме чекор по чекор, таа победа со Бахреин би ни значела многу, но нѐ очекува тешка борба и тежок натпревар. Ако одиграме максимално концентрирано и квалитетно може да се надеваме на двата бода“, вели капитенот Кире Лазаров.
 
„Да, ќе зависи од Макеоднија, исто важно е тоа што здравствената состојба е добра, утрово никој не се пожали на некој проблем, на повреда. Тоа ме радува и тоа е добар знак дека утре сите 16 ќе можат да го дадат максимумот“.
 
„Ме загрижува тоа што од утре почнуваме натпревар ден за ден, нема да имаме пауза за рекуперирање. Да не се повторуваме дека ростерот ни е таков каков што ни е, што подмладен, што неискусен. Тоа малку ме загрижува, ќе биде потешко да се анализира, да се подготвиме за следниот натпревар. Би било добро утре да одиграме добар натпревар, а патем да останеме здрави за да имаме сили за натпреварите што следуваат“.
 
Натпреварот меѓу Македонија и Бахреин се игра утре (недела) со почеток од 14:00 часот.

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе

Денес, кандидати за политички функции се луѓето. Утре, тоа ќе го прават интелигентни машини. И, тие може и ќе победуваат, како што расте незадоволството на граѓаните од човечките политичари.

повеќе

Еден од начините на промовирање подобри меѓуетнички односи помеѓу децата е овозможување подолготраен контакт помеѓу нив што ќе овозможи создавање значајни индивидуални врски помеѓу децата.

повеќе