Германскиот клуб потврди

Кузмановски со коронавирус се врати во Хановер

Ракометниот клуб Хановер потврди дека македонскиот ракометар Филип Кузмановски е позитивен на ковид-19 на првото тестирање по враќањето во клубот. 

Кузмановски кој беше нашата најсветла точка на Светското првенство, е позитивен на ковид-19.
 
Тој по завршувањето на Мундијалот, неколку дена помина во Македонија, а денеска Хановер потврди дека тој има коронавирус и е во изолација.
 
„Филип Кузмановски е тестиран позитивно на ковид-19 во првото тестирање по враќањето од СП во Египет. Македонецот немал контакт со другите во тимот и веднаш е пратен во домашна изолација“, стои во соопштението на клубот.

Im Rahmen des Testregimes bei den RECKEN wurde Filip Kuzmanovski bei seinem ersten Test nach der Rückkehr von der...

Posted by TSV Hannover-Burgdorf on Monday, 1 February 2021

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе