Македонецот останува во Бундеслигата но се сели во нов клуб

Кузмановски потпиша за Хановер

Филип Кузмановски останува во Германија но од следната сезона ќе игра за нов клуб, Македонецот раскинува со Магдебург и стави потпис на договор со Хановер. 

Хановер денеска го потврди ангажманот на Кузмановски кој потпиша тригодишен договор со германскиот клуб.
 
„Хановер може да го потврди второто ново засилување за сезоната 2020/21. По данскиот репрезентативец Јохан Хансен, во клубот ни доаѓа македонскиот ракометар Филип Кузмановски. Тој потпиша договор до јуни 2023 година“, стои во соопштението на клубот.
 
„Уверени сме дека Филип ќе се вклопи многу добро во нашиот систем. Тој може да биде користен и во одбраната, тоа ќе ни одговара во некои фази од натпреварите наредната сезона“, вели тренерот Карлос Ортега.
 
Хановер потврди дека тие за Кузмановски се интересирале уште додека тој играл за Металург.

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе