ЕП 2022
Кузмановски: Да не ги направевме тие технички грешки...

Филип Кузмановски одигра добар меч, постигна пет голови и имаше впечителен настап. И нему му е јасно дека големиот број на грешки се причината за поразот.
„Искрено немам коментар по еден ваков натпревар. Уште сум под еуфорија. Навистина верував дека можеме да ја победиме Словенија, докажавме, само да не ги направевме тие технички грешки. Знаеме дека Лазаров ни фали и тоа беше голем наш хендикеп, но навистина се боревме, сепак самите сме виновни што загубивме. Но, главата горе, имаме уште два натпревара. Да ги поправиме тие техинички грешки, да одиграме уште поборбено, мислам дека сме многу добра репрезентација, млада екипа, трчаме 60 минути напред, назад“, рече Кузмановски.
„Видовме и самите дека можеме да играме и ние помладите, таа генерација што цело време се спомнува само... Не знам искрено денеска што фалеше. Треба да го анализираме натпреварот, па да коментираме. Нема простор за разочарување, имаме следен натпревар и одиме напред“.
Ракомет
Објавено на
13 Јануари 2022 - 20:21