РК Вардар

Крштопанс: Вардар ми должи пари, се надевам дека Самсоненко ќе го исполни ветувањето

Даинис Криштопанс вели дека Вардар му останал должен, многу ветувања во клубот не се исполнувале, но се надева дека нема да биде така и со она на Самсоненко кој даде збор дека до крајот на годината ќе ги подмири долговоите. 

Даинис Криштопанс беше еден од најзаслужните ракометари на Вардар за втората титула во Лигата на шампионите. Иако требаше до крајот на сезоната да остане во Скопје, тој предвреме си замина, отиде во Фуксе Берлин, а од следната сезона ќе биде член на ПСЖ.
 
„Вардар ми остана должен. Самсоненко ми вети дека до крајот на годината ќе ми го исплати целиот долг. Се надевам дека така и ќе биде“, вели Криштопанс.
 
„Последен со кој разговарав од Вардар беше Глеб Калараш кога бев во карантин во Берлин. Ги разменивме новостите и тоа беше тоа“.
 
Тој вели дека причината за преселба во Берлин била неисполнетите ветувања од раководството и атмосферата во клубот која станувала лоша поради тоа.
 
„Атмосферата во клубот стануваше тажна бидејќи цело време слушавме ветувања кои не се исполнуваа. Покрај тоа растеше улогата во клубот на Михајло Михајловски кој знаевме дека ќе го преземе раководењето, но тој повеќе се интересираше за случувањата за наредната сезона. Па кога дојде понудата од Берлин решив да ја прифатам“.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе