Костески блесна на дуелот со Чиле, во првото полувреме имаше свое шоу постигнувајќи пет голови.
„Можам да кажам дека сум пресреќен што извојувавме победа и се пласиравме во вториот круг, тоа многу ни значи на сите, имаме уште три натпревари, со многу квалитетни репрезнтации, кои ќе ни значат. Мое видување за натпреварот е дека одигравме борбено и машки и заслужено ја извојувавме таа победа. Лично сум задоволен и од тоа што го прикажав на натпреварот. Добив доста минутажа, го дадов мојот максимум и мислам дека сме сите задоволни“, вели Костески.
Костески се уште нема 20 години и вели дека за него е многу значајно што уште сега настапува на сениорско Светско првенство.
„Нормално дека разликата е голема, сепак настапуваш за А-селекција. Ова е Светско првенство и лично многу ми значи. Мислам дека има голема разлика меѓу тие првенства што ги имам играно во младинските категории. Многу ми значи, големо искуство и ќе ја користам секоја можност која ќе ми се даде“.