Околу 50 заразени од коронавирус во ракометот

Коронавирусот силно влезе во македонскиот ракомет, Охрид пријави нови четири случаи

РК Охрид пријави уште четири позитивни членови на ковид-19, вкупната бројка во овој клуб сега е шест, во македонскиот ракомет има околу 50-ина заразени од коронавирус. 

Фото: КЛ7
Коронавирусот владее во македонскиот ракомет, РК Охрид пријави нови четири позитивни случаи во својот тим.
 
„После појавување на вирусот ковид -19 во ракометниот клуб Охрид, ракометарите, стручниот штаб и логистиката беа тестирани, а резултатите покажаа вкупно шест заразени лица во нашиот клуб, вклучувајќи ги и првите два случаи. Пет од нив се ракометари, додека шестиот е член на управата. Лицата се во изолација, со благи симптоми, лесна клиничка слика и добра здравствена состојба“, се вели во соопштението на клубот.
 
Синоќа Работнички пријави 15 случаи на коронавирус, а претходно КЛ7 информираше за 16, ковид-19 има и во РК Струга и РК Радовиш.
 
Групата А во која се наоѓа Охрид е на пауза откако коронавирусот се појави во КЛ7, во оваа група играат и Струга и Радовиш. А ќе прекине да се игра ракомет и во групата Б по вчерашната информација за позитивни случаи во РК Работнички.

Легенда под Главна слика

Фото: КЛ7

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе