Од Франција стигнуваат позитивни информации за Кире Лазаров, тој е негативен на последното тестирање и може да се врати во стројот.
Лазаров на 17 ноември доби позитивен тест на ковид-19 и поради тоа го пропушти мечот со Целје во Лигата на шампионите и дуелот против Сесон во француското првенство.
Се очекува прв меч за Лазаров по враќањето да биде дуелот со Данкерк на 6 декември.