РК Вардар

Комити влегоа на тренинг на Вардар и му дадоа поддршка на својот тим пред дербито со Пелистер (ВИДЕО)

Утре се игра големото дерби меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер во рамките од плејофот во ракометната Суперлига, навивачи нема да има на трибините, но Комитите денеска влегоа во салата „Јане Сандански“ и со песна и факели им дадоа поддршка на своите миленици. 

Еуорофарм Пелистер создаде тим кој ќе му конкурира на Вардар за шампионската титула, па вечното дерби меѓу големите ривали повторно добива убав сјај. Штета што тоа се случува во време на пандемија па нема да има навивачи на трибините.
 
Но, на денешниот тренинг, последен пред дербито, Комитите влегоа во салата „Јане Сандански“ и со песна и факели ги бодреа своите херои.
 
Посебен транспарент и хрватско знаме извадија за Иван Чупиќ и потоа му ги подарија. Вардаровото крило ја игра последната сезона во вардаровиот дрес, па навивачите не знаат дали ќе имаат шанса соодветно да се збогуваат со него.
 
 
 
 
 
 

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе