Сосема заслужено

Коментаторите на Арена доаѓаат во Скопје за прославата на Вардар (ФОТО)

Стеван Стевановиќ и Сретен Рашковиќ, двајцата коментатори на Арена кои со многу емоции ги пренесуваа мечевите на Вардар во Лигата на шампионите вечерва ќе бидат дел од шампионската прослава во Скопје.

МТВ оваа сезона не ги откупи правата за мечевите од Лигата на шампионите, па ракометните љубители и фановите на Вардар беа приморани да ги гледаат своите миленици на стримови или регионалниот канал Арена.

На Арена, коментаторите Стеван Стевановиќ и Сретен Рашковиќ со многу емоции ги прнесуваа натпреварите, во неколку наврати го загубија гласот поради Вардар и ги освоија симпатиите на македонската јавност.

Откако Вардар синоќа се искачи на тронот на Европа по втор пат, многумина побараа и тие да допатуваат во Скопје и да бидат дел од шампионската прослава.

Барањето на фановите е исполнето и Стеван Стевановиќ и Сретен Рашковиќ ќе бидат дел од спектаклот што ќе се случи вечерва.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе