Колегата на Митревски, Кинтана доживеа срцев удар, се бори за живот, мечот меѓу Мешков Брест и Порто е одложен

Голманот на Порто, Алфредо Кинтана доживеа срцев удар за време на денешниот тренинг, тој во моментов е во болница, а португалскиот клуб поради тоа не отпатува на гостувањето кај Мешков Брест. 

Според португалскиот весник „Ожого“, голманот Кинтана во моментов е во стабилна состојба но во индуцирана кома. Лекарите се оптимисти. Веруваат дека ќе преживее, но во наредните денови ќе се знае дали ќе има некакви оштетувања.
 
Случајот на Кинтана ги вознемири сите во клубот, ЕХФ им го одложи натпреварот.
 
Алфредо Кинтана е одличен голман, со нашиот Никола Митревски важат за исклучително добар тандем. Тој е и голман на португалската репрезентација.
 

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе